О.У. ”Мехмет Дерала” – с. Градец

О.У. “Мехмет Дерала” Градец, наставата се одвива на албански јазик, работи во две смени, пред пладне и по пладне .

Училиштето има три објекти, вклучувајќи и подрачно училиште во с. Горјане. Има и спортска сала. Училиштето има 14 училници и 3 кабинети, има  и централно греење.

Оваа учебна година Општина Врапчишти во училишната зграда инвестираше во внатрешните простории на целиот објект, и со тоа се создадоа оптимални услови за работа и можности за квалитетно образование во училиштето и одржани санитарни чворови итн. Вработени се 52 работници, 25 мажи, 26 жени сите Албанци и една Македонка.

Од овие податоци произлегува: образован кадар 42 работници, стручна служба 2 работни места, 1 административен слуќбеник, 1 Директор и 1 п. Директор. Во училиштето има 27 паралелки со овој број ученици, I одд = 55 ученици, II одд= 49 ученици, III одд = 56 ученици, IV одд = 59 ученици, V одд= 68 ученици, VI одд = 51 ученици, VII одд = 54 ученици, VIII одд = 58 ученици и IX одд = 55 ученици. Вкупно 505 ученици  272 момчиња и 233 девојчиња.