Механизам за жалби и поплаки – задолжително, општина Врапчиште

Почитувани,

Како дел од спроведувањето на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска Банка, Вашата Општина аплицираше Проект за реконструкција на локален пат за село Зубовце, за која согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, беше изготвен План за управување со животна средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација.

Вашиот Прокет е дел од Тендер 1, за кој во скоро време ќе биде започнато изведување на градежни работи, но пред тоа обврзани сме јавноста, локалното население и останатите засегнатите страни да ги информираме за можноста да земат активно учество при реализација на Проектот преку Механизам за жалби и поплаки. 

Поради тоа, во прилог на овој маил Ви доставувам е еден документ-Механизам за жалби и поплаки каде накратко е опишана целта, идејата и постапката на самиот Механизам со дадени контакт лица кои ќе бидат задолжени за негово спроведување, односно примање на жалби и поплаки, нивно процесуирање и решавање.

Другиот документ е Образец за поплаки за целото спроведување на проектот кој треба да биде пополнет од локалното население доколу има било каква жалба или поплака во врска со реализ ацијата на Проектот при изведување на градежните работи на терен. 
Овие два документа треба да се пополнат со назначени контакт лица од Општината и од засегнатите месни заедници, задолжително треба да бидат објавени на официјалната веб страница на Општината, закачени на огласни табли, да се дадат на претседателите на месните заедници за да ги имаат во своите работни простории, онаму каде локалното население се собира и има заеднички средби.&nbs p;
Сакаме да потенцираме дека доколку овие документи не се поставени на место, како што е горенаведено нема да може да се започне со градежни работи на терен. 

Покрај дадените во прилог два документа, на официјалната веб страна на Општината треба да останат објавени се до завршување и затворање на Проектот и останатите официјални документи и информации кои беа изготвени и презентирани на јавност. 
Општ ината е должна да го информира и вклучи претставникот на засегнатите месни заедници за спроведувањето на Механизмот за жалби и поплаки.
Ве молиме да ни испратите линк штом ќе ги објавите дадените документи.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации и се надеваме на успешна соработка при реализација на планираните проектни активности. 

Со почит

Get real time updates directly on you device, subscribe now.

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More