Ден на планетата Земја

Општината Врапчиштие се придружува и на денот на планетата Земја. 22 април е познат како Меѓународен ден на планетата Земја. За да се одбележи овој ден учениците од училиштата на Општина Врапчишите во соработка со оваа општина организираа чистење на животната средина. Со ова, учениците сакаат да испратат порака за свеста на жителите за одржување на чистотата, што влијае на здравјето и егзистенцијата на идните генерации.