Во рамките на Програмата за прекугранична соработка на Европската унија Северна Македонија – Албанија (ИПА II)

208

Во рамките на Програмата за прекугранична соработка на Европската унија Северна Македонија – Албанија (ИПА II) финансиран од проектот CROSS BORDER FIRESHIELD, трите општини, од Северна Македонија и Албанија ќе изработат и воведат заеднички план за управување со ризик за заштита од пожари и шумски пожари, додека општина Врапчиште и општина Боговиње според Законот за меѓуопштинска соработка ќе формираат заедничко одделение за противпожарна заштита. Во петок, 04.03.2022 година, во просториите на Општина Врапчиште се одржа почетен состанок на проектот, на кој претставници од секој корисник на проектот вклучително и г-дин Исен Шабани, градоначалникот на општина Врапчиште, г. Анди Сала градоначалникот на општина Церик, Г-дин Бесник Емши градоначалникот на Боговиње и сестра Камила Маенза од КАРИТАС Јужна Албанија заедно со тимот за управување со проекти имаа воведна презентација на проектните активитети и партнеритетот и презентација на преглед на проектот.

Како дел од почетниот состанок, корисниците на проектот потпишаа Договор за партнерство и одлучија за состав на Управниот комитет на проектот. Проектниот менаџер и проектните координатори на FIRESHIELD го презентираа Планот за имплементација на проектот и разговараа за почетните чекори за подготовка на планот за комуникација на проектот.