Поддршка на домаќинства од Општина Врапчиште

193

ПОВИК

за поддршка на домаќинства од општина Врапчиште

за воведување на мерки на енергетска ефикасност

 

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со општина Врапчиште, распишува повик за избор на домаќинства кои ќе бидат поддржани да воведат мерки на енергетска ефикасност. Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Швајцарската влада и општина Врапчиште во рамките на Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион (понатаму во текстот Програмата).

Целта на Програмата е воведување на систем за интегрално управување со поплавите и други ризици (свлечишта, одрони, порои) согласно современите светски пристапи. Програмата е финансирана од страна на Швајцарската влада, а ја спроведува УНДП во партнерство со поголем број на партнери на локално и национално ниво.

Согласно деталните стручни студии, имајќи ги во предвид природните карактеристики на Полошкиот регион, нивото на ризиците е во директна зависност од состојбата на шумската покривка. Како една од клучните мерки за намалување на притисокот врз шумата за обезбедување на огревно дрво е значителното проширување на мерките на енергетска ефикасност во приватните, јавните и комерцијалните објекти во општините на Полог каде што не постојат ограничени услови за примена на алтернативни енергетски извори.

Врз основа на стручните студии на УНДП, предмет на овој повик се приоритетни мерки за енергетска ефикасност кои ќе обезбедат најповолен резултат по однос на серија на економски (вкупни приходи по домаќинство), енергетски и еколошки критериуми (потрошувачка на огревно дрво). Истовремено, овие мерки, на долг рок, се очекува најмногу да ја намалат потребата од огревно дрво.

Можност да се јават на повикот имаат сите физичка лица со постојано место на живеење во општина Врапчиште кои поседуваат или користат под долгорочен наем објект за домување – куќа.

Преку огласот, ќе се подржат највисоко рангираните апликанти, до исцрпување на буџетот за финансиска подршка. Изборот на домаќинствата ќе се направи според претходно дефинирани критериуми, вклучувајќи и стручна проценка на заштедите на енергија како резултат на спроведувањето на мерките во предложените објекти.

Главен предуслов за обезбедување на поддршката е домаќинствата да користат огревно дрво како главен енергенс за греење на предложените објекти. Вредноста на поддршката од страна на Проектот ќе биде до најмногу 1000 Евра за секое избрано домаќинство. Во случаи кога  трошокот за воведување на мерките ја надминува максималната сума предвидена за помош, разликата за доплата станува обврска на апликантот. Исклучок од ова се апликантите-домаќинства кои се корисници на социјална помош, и тие немаат обврска да обезбедат кофинансирање.

Предмет на овој повик е следната мерка:

  1. Замена на постојно грејно тело кое користи огревно дрво со ефикасна печка, котел за греење или шпорет на пелети/брикети.

Начинот на поделба на инвестицијата помеѓу избраните корисници и Програмата ќе се договара од случај до случај зависно од големината и другите карактеристики на предложените објекти. Изборот на опремата соодветна за избраните објекти ќе го направи стручен тим на УНДП. Поддршката на Проектот ќе биде во вид на опрема, а не директни финансиски трансфери на избраните домаќинства.

Минималните услови за учество во повикот / потребни документи:

  1. Доставена целосно пополнета пријава заедно со сите прилози предвидени во пријавата;
  2. Доказ дека кандидатот е полнолетно (физичко) лице (копија од лична карта или пасош);
  3. Доказ (имотен лист, договор за купопродажба, потврда за платен данок на имот) дека кандидатот е сопственик на објектот или да има склучено договор за закуп во времетраење од најмалку 2 години од датумот на поднесување на пријавата;
  4. Сметки за потрошена електрична енергија за три последователни месеци (последните 3 месеци);
  5. Потпишана изјава за подготвеност за ко-финансирање (според форматот во Пријавата), во висина од 50% од вкупна вредност на инвестицијата (со исклучок на кандидатите што се корисници на социјална помош). За кофинансирање ќе се прифати инвестирањето во опрема согласно препораките на стручниот тим на УНДП;
  6. Потврда доколку во потесното семејство постои корисник на социјална помош;
  7. Подготвеност на кандидатот да ги почитува препораките за примена на мерките за енергетска ефикасност дадени од страна на тимот од стручни лица, како и да води евиденција потребните параметри (на пр., користење на дрво или друг енергенс, сметки за струја) на однапред подготвени формулари.

 

Главни критериуми:

Оценката на пријавите ќе се врши согласно следните критериуми:

  1. Вкупни приходи по домаќинство;
  2. Проценка на потенцијалот за енергетска ефикасност;
  3. Број на членови на домаќинството;
  4. Пол на сопственикот на домаќинството (повеќе поени се доделуваат на жени сопственици и единствени родители/старатели);

Пријавата за учество во програмата, во електронска форма, може да се обезбеди од веб страната на општина Врапчиште а печатени примероци може да се обезбедат во канцелариите на општина Врапчиште.

Пополнетата пријава треба да се достави во еден оригинален примерок и 1 копија во затворен коверт, најдоцна до 05 мај 2022 година на следната адреса:

 

Општина Врапчиште

Архива

со назнака „Пријава за грант за мерки на енергетска ефикасност“

***

 

За подетални информации околу условите и критериумите на огласот ве молиме обратете се на:

Ибрахим Мамути (телефон: 070-325-247, Email: [email protected]) – Општина Врапчиште

 

Ве молиме телефонските повици да ги правите во тек на работното време, помеѓу 8:00 и 16:00 часот.

Formulari i Aplikimi _ Пријава за аплицирање